Медиите в Македония отразяват победата на Балкан над косовския КБ Пея в последния мач от редовния сезон на Балканската лига. Те акцентират върху феърплея на водения от македедонския треньор тим на Балкан. Благодарение на своята победа зелените изтеглиха в Топ 6 македонския Куманово 2009.


Сайтът ekipa.mk извежда заглавие: Тодоров победи за Куманово. В текста пише:


Александар Тодоров со тимот на Балкан убедливо славеше над Пеќ 96-76) во својот последен меч од регуларниот дел од сезоната во БИБЛ-лигата, уште еднаш потврдувајќи ја одличната форма во која се наоѓа бугарскиот состав предводен од македонскиот стратег. На теренот, најзаслужен за оваа лесна победа на Балкан беше поранешниот член на МЗТ Скопје, Ноа Далман, кој го заврши натпреварот со 23 поени, 7 скока, 3 украдени топки и 2 асистенции.


 


Со оваа победа Тодоров му направи огромна услуга на тимот на Куманово, бидејќи поразот на Пеќ значеше и автоматска елиминација на косовскиот тим од трката за шестото место на табелата. Така, Кумановци ќе го завршат регуларниот дел од сезоната како шестопласирани, со што македонскиот состав си го обезбеди местото во следната фаза од регионалното натпреварување.